Шпанскиот фудбалски интернационалец во редовите на Челзи, Цеск Фабрегас, најверојатно во јануарскиот трансфер-период, ќе добие зелено светло да го напушти тимот.
За неговите услуги се заинтересирани луѓето од Милан и од уште неколку други екипи, кои од втор план, ќе се надеваат дека ќе можат да го ангажираат во нивните редови. Според објавеното, „росонерите“ се подготвени да платат за Фабрегас околу 4 милиони фунти.
Се претпоставува дека главен фактор за евентуалниот договор може да биде спортскиот бренд –„Пума“ кој е спонзор на Милан а неодамна потпиша договор за соработка и со Фабрегас.