Тренерот на фудбалерите на Комо, Цеск Фабрегас, меѓу редови најави дека може да си замине од италијанскиот состав.
„Што и да се случи, секогаш ќе му бидам благодарен на клубот за тоа што ми го даде. Многу сум горд на изграденото во Комо. Сакам да оставам нешто зад себе кога ќе заминам. Мојот наследник ќе најде силен тим“ – рече Шпанецот.
Во медиумите се почесто се појавуваат информации дека Фабрегас може да го замени Чаби Алонсо во Баер Леверкузен.

