Некогашната ѕвезда на Арсенал, Сеск Фабрегас следната сезона ќе игра во италијанската Серија Б.
Шпанскиот играч од средниот ред, кому му истече договорот со Монако, сеназационално потпишал двегодишен договор со амбициозниот италијански второлигаш Комо.
Фабрегас верува во проектот кој Комо го има и се надева дека ќе го реализира со влез во италијанската елита следната сезона.

