Поранешната ѕвезда на Арсенал, Барселона и Челзи, Сеск Фабрегас денеска ќе потпише договор за две сезони со италијанскиот второлигаш Комо.
Поранешниот репрезентативец на Фуријата последен пат играше за Монако. Фабрегас има големо искуство од Англија, Шпанија и Франција а негова желба е да игра и во Италија пред да ја заврши кариерата.
Во последната сезона имаше само 2 натпревари во Лига 1.