Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Фабрицио Романо: „Зинченко е нов играч на Арсенал“
    Фудбал

    Фабрицио Романо: „Зинченко е нов играч на Арсенал“

    risteBy riste20/07/2022No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Левиот бек на Манчестер Сити, Александар Зинченко се сели во лондонски Арсенал. Двата тима ги завршиле преговорите за целосен трансфер. Александар веќе го напушти тренинг кампот на „граѓаните“ за да потпише договор, кој ќе биде со важност до јуни 2026 година, објави новинарот Фабрицио Романо на својот Твитер.

    Трансферот е 30 милиони евра, а претходно вредноста на 25-годишниот дефанзивец се пресметуваше на 25 милиони евра.

    Да потсетиме дека Зинченко се пресели во Манчестер Сити од Уфа во летото 2016 година. Сезоната 2016/2017 ја мина во холандски ПСВ Ајндховен, а потоа играше за Манчестер Сити. Во составот на Манчестер Сити, Зинченко помина 127 натпревари на кои постигна два гола и 12 асистенции. Со клубот од Манчестер, фудбалерот четири пати ја освојуваше Премиер лигата и стана финалист во Лигата на шампионите во сезоната 2020/2021.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига

    16/11/2026

    Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија

    16/11/2026

    Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе

    16/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.