Атлетико Мадрид ја разгледува можноста да го врати напаѓачот Радамел Фалкао. Слични информации прво се појавија во авторитетниот француски весник „Л‘Екип”, а потоа и „Ел Мундо Депортиво” продолжи со оваа тема.
33-годишниот ветеран постигна 16 гола во 38 натпревари за Монако во минатата сезона, но сега може повторно да се пресели во насока кон Мадрид.
Фалко одигра две сезони во тимот на Атлетико во периодот од 2011 до 2013 година. Тој притоа се претстави одлично, постигнувајќи 70 гола за оваа екипа и му помогна на тимот да ја освои Лига Европа и Шпанскиот куп, со што стана омилен кај на навивачите.
Сепак, Атлетико не е единствената опција за Фалкоо. Интерес има и од Валенсија, како и неколку кинески клубови. Самиот играч преферира да оди во Шпанија и повторно да игра во Лигата на Шампионите. Добрите односи меѓу неговиот агент, Жорже Мендеш и претседателот на Валенсија, Петар Лим, можат да го натераат да се врати во Шпанија, но не во Мадрид туку на „Местаља“.