Три лица загинаа во верижна несреќа на автопатот А-4 кај Санта Круз де Мудела во Шпанија.
Жртвите се идентификувани како навивачи на Севилја кои патувале во Мадрид за да го гледаат вечерашното четвртфинале од Купот на Кралот против Атлетико на стадионот Метрополитано.
Инцидентот се случил во областа со многу густа магла а билансот од вкупно пет сообраќајки на таа локација е тројца загинати и 18 повредени од кои тројца се во тешка состојба.

