Навивачите на Ливерпул се крајно разочарани од потегот на фудбалерот, Тренд Александар –Арнолд, кој реши во текот на летото да замине во шпанскиот состав Реал Мадрид.
Тие преку социјалните мрежи побараа десниот бек да биде избришан од списокот на „црвените“ до крајот на сезоната.
„Не дозволувајте да игра уште еден натпревар. Не дозволувајте да биде на „Енфилд“ кога ќе ја подигнеме титулата“, беа дел од коментарите на фановите на Ливерпул.

