Капитенот на нашата фудбалска репрезентација, Горан Пандев, доби стоечки овации од страна на домашните навивачи на вчерашното гостување кај неговиот некогашен клуб, Наполи.
Тој имаше фантастична асистенција кон Дарко Лазовиќ за израмнувачкиот гол на Џенова со што беше најзаслужен за освоениот бод откако мечот заврши 1:1.Пандев ја напушти играта во 62. минута а целиот стадион му аплаудираше што само покажува дека фановите од Неапол не заборавиле што направи за нивниот тим додека ја носеше светло-сината боја. Симпатизерите пак, на Џенова, ја искористија социјалната мрежа – Фејсбук да напишат позитивни коментраи
„Џентлмен со 36 години кој и ден-денеска им предава фудбал на „децава“. Тој е срце и сила на тимот, секогаш полн со желба и симбол на сите играчи“.