Бразилскиот фудбалер, Нејмар, поради казната од претходната сезона мораше да го пропушти првиот меч на ПСЖ во новиот шампионат на Франција.
Популарните „светци“ вчера на „Паркот на принцовите“ го совладаа Ним со 3 спрема 0 а домашните фанови го искористија дуелот да му покажат на Нејмар дека не го сакаат во клубот. Тие скандираа со погрдни зборови кон напаѓачот и истакнаа транспаранти со навредлива содржина кои ги фокусираа и ТВ-камерите.
Нејмар го навлече бесот како на фановите така и на челниците на тимот бидејќи јавно побара да се врати во Барселона иако одредени шпекулации го поврзуваат и со трансфер во Реал Мадрид.