Челниците на фудбалскиот состав, Реал Мадрид, се обидуваат да најдат решение за тренерското место откако Зинедин Зидан по освојувањето на третата титула во серија во Лигата на шампионите си поднесе изненадувачки оставка.
Францускиот тренер образложи дека го сака клубот, но, дека во моментов му треба нов тренер со нова визија и филозофија на работа. Сега пак, фановите на „кралскиот клуб“ излегоа со анкета за нов тренер и на неа доминира името на Јирген Клоп.
За искусниот тренер на Ливерпул гласале дури 50.000 навивачи на „кралевите“. На второто место е ставен селекторот на Германија, Јоаким Лев со 15 проценти од гласовите додека Французинот, Арсен Венгер, кој по 22 години си замина од кормилото на Арсенал добил само девет проценти од гласовите.