Навивачите на фудбалскиот состав кои Ријека имаа прилика да гласаат за тимот на деценијата (2010-2020), во него ги сместија двајцата македонски репрезентативци кои настапуваа во дефанзивната линија.
Станува збор за бековите, Ленард Жута и Стефан Ристовски, кои се дел од генерацијата што во 2017-та успеа да ја освои титулата во шампионатот на Хрватска.
Потоа Ристовски кој одигра 86 мечеви и постигна два гола направи трансфер португалскиот Спортинг додека Жута остана уште една сезона и одигра 139 натпревари. Тој успеа да постигне и два гола.

