Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Фановите на Валенсија бараат Столе да биде бр. 1
    Фудбал

    Фановите на Валенсија бараат Столе да биде бр. 1

    sasoBy saso12/10/2025No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Столе Димитриевски ужива во минутажата која ја добива како прв голман на македонската репрезентација и од натпревар во натпревар го покажува својот квалитет, а посебно воодушеви на вчерашниот меч против Белгија на кој беше последен столб во перфектната одбрана на нашиот тим.

    Димитриевски во Македонија ги добива сите шанси кои му недостасуваат како член на Валенсија, но неговото ново брилијантно издание за националниот тим не остана незабележано во Шпанија.

    Угледниот медиум од Валенсија, „Супердепорте“ го пофали македонскиот голман за перфектното издание против фаворизираната Белгија, па иако честитка пристигна и од Валенсија како клуб, најинтересни се пораките кои пристигнуваат од фан страните од овој дел од Шпанија.

    Навивачите на Валенсија од стартот на сезоната не се премногу задоволни од партиите кои ги прикажува Хулен Агиресабала, па фан страните почнаа да испраќаат барања Столе да добие шанса како прв голман од Карлос Корберан.

    Со оглед на квалитетот и искуството кое го поседува, Димитриевски дефинитивно заслужува таква шанса од тренерот на Валенсија, а дали Корберан ќе попушти и ќе ги прифати барањата на фановите, останува само времето да покаже.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига

    16/11/2026

    Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија

    16/11/2026

    Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе

    16/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.