Приоритет на Манчестер Јунајтед во летниот преоден рок треба да биде врвен напаѓач бидејќи Оле Гунар Солскјер не успеа да пронајде соодветна замена за Ромелу Лукаку кој замина во Интер. Белгиецот, кој не одговараше на стилот на игра на норвешкиот тренер досега даде17 голови во дебитантската сезона во Серија „А“.
Тоа ги фрустрира навивачите на Јунајтед кои не можат да се помират со фактот дека пропадна и трансферот на Ерлинг Халанд, кој замина во Бурисија Дортмунд. Иако опциите се ограничени, сепак има одредени фудбалери кои може да бидат ангажирани во текот на летото.
Напаѓачот на Лион, Муса Дембеле, е еден главните кандидати кои треба да се преселат на Олд Трафорд, така барем наведува – „Дејли стар“. Наводно, чалниците на Јунајтед добиле „зелено светло“ да го комплетираат транферот на Французинот за околу 60 милиони фунти.

