Ница го објави назначувањето на Франческо Фариоли за тренер на тимот. 34-годишниот Италијанец доаѓа на местото на Дидие Дигар, кој ќе заземе друга позиција во структурата на „Елит груп“, во чија сопственост е клубот.
Фариоли последен пат работеше во Аланијаспор во Турција, но таму беше отпуштен во февруари. Тој му беше помошник на Роберто Де Зерби во Беневенто и Сасуоло.
„Анализата на тимовите со кои работеше и нашите разговори со Франческо за проектот доведоа до нашиот избор“, коментира спортскиот директор на Ница, Флорент Гисолфи.