Франческо Фариоли верува дека неговиот Порто може да забележи победа на претстојниот дуел против ПСВ Ајндховен во елитата на Европа.
„Мислам дека заслуживме повеќе на првите два меча. Игравме добро, но, не ги постигнавме резултатите што ги посакувавме и заслужувавме.“ – рече Фариоли.
„Сега имаме можност повторно да играме пред нашите навивачи. Знаеме дека нè очекува исклучително тешка задача“ – потенцираше тренерот на Порто.

