Барселона потврди дека 18-годишниот фудбалер, Ансу Фати, потпишал нов шестгодишен договор веднаш по завршувањето на вчерашниот меч со Динамо Киев одигран во Лигата на шампионите.
Откупната клаузула изнесува дури милијарда евра со што Фати е вториот млад фудбалер по Педри (18) кој потпиша нов договор и доби откупна клаузула од милијарда евра.
Барселона со освоените бодови на мечот со Украинците останува во трката за првите две место во групата во Лигата на шампионите.

