Челниците на фудбалскиот состав Барселона, набрзо, ќе потпишат нов договор со младиот напаѓач, Ансу Фати, во кој ќе биде вметната клаузула за негово пред времено заминување во висина од неверојатни 400 милиони евра.
Според весникот – „АС“, Каталонците ќе направат се што можат за да го задржат младиот 17-ет годишен играч кој во еден дел од сезоната максимално ги искористи отсуствата на Осман Дембеле и Луис Суарез и редовно ги тресеше противничките мрежи.
Големиот фудбалски тален во изминатиот декември потпиша договор со шпанскиот тим до 2022 година со клаузула од 170 милиони евра, но, сега таа ќе биде зголемена за цели 230 милиони.