Напаѓачот на Барселона, Ансу Фати, може да се врати на терените во почетокот на февруари, пренесува весникот – „АС“.
Фудбалерот кој во ноември имаше операција на менискусот на левото колено може да биде подготвен да заигра и еден месец порано од предвиденото.
Каталонците се надеваат дека Фати ќе може да се појави на мечот со Пари Сен Жермен во Лигата на шампионите. 18-годишниот Фати на стартот на сезоната одигра 10 меча и постигна 5 голови.

