Денес беа одиграни натпреварите од првото коло на фудбалскиот Куп на Македонија, а фаворитите во главном си ја завршија својата работа и се пласираа во следната рунда.
Шкендија, Шкупи, Работнички, Силекс и Струга ТЛ забележаа убедливи победи, а Ренова се провлече на пенали кај Кожув и се пласираше во второто коло. Еве ги постигнатите резултати:
Фудбал, Куп на Македонија 1.коло
Охрид – Беласица 1:1 (5:4 на пенали)
Фортуна – Силекс 0:4
Кожув – Ренова 3:3 (5:6 на пенали)
Кравари – Лабуништа 1:4
Локомотива – Струга ТЛ 1:5
Велазерими – Работнички 0:4
Превалец – Борец 0:4
Осогово – Победа 1:0
Гостивар – Шкендија 1:4
Тетекс – Шкупи 1:5
28 август: Саса – Вардар
ПРЕТХОДНО:
Кит Го – Пелистер 1-1 (4-5 на пенали)
Црнилиште – Брегалница 0-22
Љуботен – Тиквеш 1-5