Тренерот на Борусија Дортмунд, Лусијан Фавр изјави дека неговиот тим воопшто не изгубил надеж и тоа е причината за пресвртот во второто полувреме иако на одмор заминаа со негатива од 0:2.
„Мислам дека не игравме толку лошо во првиот дел, иако не покажавме најдобра игра. Имаше неколку позитивни работи. Создадовме ситуации, но за жал дозволивме два гола од контранапад. На паузата поправивме некои работи, најважно е дека момчињата веруваа дека сè е можно. Во второто полувреме настапивме многу поцврсто. Напаѓавме по трпеливо, притискавме подобро, не им дозволивме да ја земат топката и да ја организираат играта лесно. Бевме многу добри“, рече Фавр.
Тренерот на домашната екипа посебно ја потенцираше добрата игра на десниот бек Ашраф Хакими, кој постигна два гола за пресврт на неговата екипа и освојување на многу важни бодови.

