Искусниот фудбалски тренер, Лусијан Фавр, во текот на летото ќе го напушти францускиот состав Ница и ќе се пресели во Бундеслигата во екипата на Борусија Дортмунд, објавија денеска германските медиуми.
Швајцарскиот фудбалски стратег ќе го наследи Петер Штогер кој имаше разочарувачка сезона со „милионерите“ и сосема реално ќе мора да си замине.
Ќе потсетиме дека Фавр и претходно беше активен во германскиот елитен шампионат бидејќи од 2007 до 2009 година ја водеше Херта од Берлин а четири сезони помина и на кормилото на Борусија Менхенгладбах.