Лусиен Фавре и официјално е именуван за нов тренер на екипата на Борусија (Д). Како што потврдија од германскиот клуб, 60-годишниот Швајцарец потпишал двегодишен договор со „милионерите“ заклучно со 2020 година.
Фавре оваа сезона беше тренер на екипата на Ница.
„Да се биде тренер на Борусија (Д) е голема задача и со нетрпение очекувам да почнам со работа“, изјавил Фавре.
Тој претходно веќе двапати работеше во Бундеслигата како тренер на Херта (2007-2009) и на Борусија Менхенгладбах (2011-2015).