Играчот од средниот ред на Реал Мадрид, Федерико Валверде му се приклучи на тренерот Зинедин Зидан со зборовите дека стадионот „Лас Пистас“ во Саламанка е исклучително лош и ги спречи играчите на неговата екипа да ги покажат своите квалитети во дуелот од 1/16 против против Унионистас Саламанка.
И покрај лошиот квалитет на теренот, Реал Мадрид победи со 3:1 и ги продолжи натпреварите од Купот на Кралот.
„Јас сум роден во Уругвај и сум видел и полоши терени. Но, како што беше за нас, така беше и за противникот”, рече Валверде.
Лошиот терен не ја спречи велшката ѕвезда Герет Бејл да го постигне својот прв гол за Реал Мадрид по 1 септември кога постигна гол против Виљареал, но подоцна се пожали на повреда на зглобот.

