Еден од најдобрите тенисери во историјата, Роџер Федерер, по консултација со лекарскиот тим, се повлече од Отвореното првенство на Франција кое се реализира на терените на Ролан Гарос.
„По две операции на коленото и долгата пауза, морам да го слушам моето тело. Среќен сум за трите победи, но, ќе се повлечам од турнирот“ – објави 39-годишниот тенисер.
Тоа значи дека Шампионот од 2009 година нема да игра во осмина-финалето против Матео Беретини кој доби неочекувано отворен пат кон наредната фаза.

