Носителот на 20 Грен слем титули, Роџер Федерер, објави крај на професионалната кариера. 41-годишниот тенисер изјави, дека Лејвер купот наредната недела ќе му биде последен официјален настан. Швајцарецот има вкупно 103 пехари во професионалните води од кои 27 се од највисоката категорија – „Мастерс“.
– Од сите подароци што ми ги даде тенисот низ годините, најголеми, без сомнение, беа луѓето што ги запознав на патот: пријателите, ривалите и најмногу од сè, навивачите“ – стои во објавата на Федерер.
„ Изминатите три години се соочив со многу предизвици во форма на повреди и операции. Работев напорно за да се вратам во добра форма но, ги знам и ограничувањата на моето тело. Имам одиграно повеќе од 1500 за 24 години, време да ја завршам професионалната кариера“ – вели Федерер.