Роџер Федерер уште еднаш се потсети на емотивните моменти од Лејвер Купот во 2022 година, кога го играше својот последен турнир како професионален тенисер.
Швајцарецот откри дека точно знаел кои две работи ќе го „натераат“ да заплаче: средбата со сопругата Мирка и помислата на крајот на неговото соперништво со Рафаел Надал.
Швајцарецот по две децении поминати на тениските терени ја заврши кариерата со 20 Гренд слем титули.

