Тенисерската икона Роџер Федерер по двегодишна пауза реши да се врати на турнирите кои се играат на земјена подлога. Тој вели дека нема големи очекувања од камбекот на земја бидејќи има заборавено како е да се движи на таа подлога.
„Во наредните недели ќе се подготвувам за тоа што ме очекува. Немам големи апетити за Мадрид, но, сакам да бидам подготвен за Ролан Гарос. Се надевам дека тренинзите ќе се исплатат и ќе поминам добро во настапите на трева и тврда подлога“ – вели Федерер.
Неговиот последен меч на земјена подлога беше во мај 2016 година кога загуби од Доминик Тим на АТП Мастерсот во Рим.