Тенисерот, Роџер Федерер, влезе во полу-финалето на Австралија Опен откако во атрактивен дуел успеа да спаси дури седум меч топки и да го совлада Тенис Сангрен од Соединетите Американски Држави со 3 спрема 2.
Швајцарецот го доби првиот сет со 6:3 по што влезе во криза. Тоа го искористи Сангрен кој славеше во вториот и третиот сет со идентични 6-2. Кога се чинише дека најпријатното изненадување на терените во Мелбурн ќе направи сензација и ќе го елиминира третиот носител, Федерер успеа да спаси 7 меч топки и да слави во четвртиот сет со 10-8 .
Фаворитот на хартија во последниот сет одигра според очекувањата и славеше со 6-3 по што го продолжи патот кон големото финале.