20-кратниот Грен слем шампион и поранешен светски рекет број 1, швајцарскиот тенисер Роџер Федерер за првпат во кариерата отпадна од АТП-листата. Ова се случи од причина што 40-годишниот спортист не играше на ниту еден рејтинг турнир во изминатите 52 недели.
Федерер денеска ги загуби бодовите што ги заработи за пласман во четвртфиналето на Вимблдон 2021 година.
Претходно Федерер потврди дека планира да игра на Лејвер купот кој ќе се одржи во септември 2022 година, а исто така најави дека сака да настапи и на турнирот во Базел кој ќе се одржи во октомври.

