Крилото на Јувентус, Федерико Киеза, доста тешко го поднесе поразот на својот тим од Порто во 1/8 финалето од Лигата на шампионите.
Овој играч постигна два гола за победа на неговата екипа со 3:2 против Порто, но ова не беше доволно и неговиот тим испадна поради повеќе примени голови на домашен терен.
„Не гледам ништо позитивно по оваа средба. Сакав да продолжиме понатаму и разочарувањето е огромно, бидејќи направивме многу за да се квалификуваме во следната фаза. Почнувајќи од многуте ситуации што ги создадовме и пречката на Хуан Куадрадо. Мора да анализиратме што се случи во првиот дел, но мислам дека покажавме различен карактер во второто полувреме и заслуживме да продолжиме понатаму. Сакавме да играме во четврт-финалето, но сега треба да се фокусираме на Серија А и Купот на Италија“ рече Киеза.