Во Конференциската лига на УЕФА денеска на четири стадиони ќе бидат одиграни првите 1/4 финални пресметки.
Од 18.45 часот, холандскиот Феенорд ќе го пречека чешкиот состав на Славија (Прага). Во 21.00 часот ќе има три меча. Екипата на Лестер ќе му биде домаќин на ПСВ. Англичаните се фаворити на хартија, но, Холанѓаните најавуваат дека ќе одат на победа.
Дербито на вечерта ќе биде меѓу Бодо и Рома. Норвежаните претходно ја победија „волчицата“ со 6-1 во групната фаза во Лига Европа а судбината посака двата тима да вкрстат и во Конференциската Лига. Последниот меч за денеска ќе го одиграат францускиот Марсеј и ПАОК од Грција