Првиот човек на фудбалскиот состав Лион, Жан Мишел Ола, изјави дека првата ѕвезда на тимот, Набил Фекир, сака да си замине во текот на летото, но, дека досега не пристигнале понуди за него.
„Сите знаеме дека Фекир сака да не напушти. Ние сме отворени за преговори и затоа ќе чекаме понуди. Нема да му правиме никакви проблеми“ – изјави претседателот на Лион.
Фекир во претходното лето беше на чекор да потпише за англискиот Ливерпул, но, тоа не се случи. Напаѓачот кој беше дел од репрезентацијата на Франција која го освои првото место на последниот Мундијал во Русија, во претходната сезона постигна 12 голови и направи 9 асистенции.