Ливерпул е блиску до финализирање на трансферот на францускиот репрезентативец Набил Фекир од Олимпик Лион. Како штообјавија англиските медиуми, 24-годишниот офанзивен играч од средниот ред денеска пристигна на Енфилд со неговиот агент Жан-Пјер Берн за почеток на последните преговори.
Ако двете страни стигнат до договор, Фекир ќе ги помине медицинските прегледи во понеделник или во вторник на базата на клубот, по што ќе се врати во кампот на француската репрезентација.
Ливерпул има договор со Олимписки Лион за трансферната цена на играчот од околу 60 милиони евра.