Ливерпул е многу близу до договор со ѕвездата на Олимпик Лион, Фекир.
Тимот од „Енфилд“ ќе се обиде да издејствува потпишување на договор со Фекир до сабота, за тоа што Клоп нема намера да чека да заврши светското првенство па потоа да ги продолжи преговорите се фудбалерот.
Генерално Ливерпул и Лион се договориле за цената на Фекир која веројатно ќе биде околу 60 милиони фунти.
Претседателот на Лион, Жан-Мишел Ола засега ги демантира овие информации, но според неколку изданија Фекир може да се смета за скоро сигурен нов фудбалер на Ливерпул, бидејќи “црвените” ќе ја платата бараната сума за фудбалерот.