Играчот од средниот ред на Бетис, Набил Фекир сака да остане во клубот, пренесуваат медиумите во Шпанија.
Истите објавија пред некој ден дека 26-годишниот Французин е интересен за Реал Мадрид, Арсенал и Њукасл, но тој сепак сака да остане во неговиот сегашен состав.
Набил Фекир се пресели во Бетис минатото лето, откако претходно беше близу до трансферите во Ливерпул и Челзи, но тие трансфери не успеаја. Фудбалерот има договор до 2023 година и неговата вредност се проценува нешто повеќе од 30 милиони евра. Оваа сезона Фекир играше на 23 натпревари во сите натпреварувања, постигна 7 гола и имаше шест асистенции.