Напаѓачот на Атлетико, Жоао Феликс се опоравува од повреда на мускулот, пренесува весникот „АС“.
Феликс се повреди на натпреварот со Легањес (0:0) и нема да учествува на дербито со Реал Мадрид, но сепак не треба да го спречи да биде дел од првиот натпревар од плеј-офот во Лигата на шампионите со Ливерпул, што ќе се одигра на 18 февруари.
Но, во случај на повторување на повредата на Португалецот, тој ризикува да го пропушти дуелот со актуелниот европски шампион. Натпреварот Реал Мадрид – Атлетико ќе се одигра во сабота на 1 февруари. Средбата ќе се одржи на стадионот „Сантијаго Бернабеу“.
Феликс се пресели во Атлетико минатото лето од Бенфика. Сумата на трансферот беше 126 милиони евра. Со тоа ова беше најскапиот трансфер во историјата на клубот. Оваа сезона тој одигра 17 натпревари, постигна два гола и имаше една асистенција.

