Дефанзивецот на Атлетико Мадрид Филипе Луис може да премине во противникот на неговиот тим во осминафиналето во Лигата на шампионите – Јувентус.
Според информации на „Тутоспорт“, италијанскиот гигант сака да потпише преддоговор со левиот бек и да го земе бесплатно идното лето, кога истекува неговиот договор со Атлетико Мадрид.
Пред почетокот на сезоната Атлетико го донесе овој играч кој малку играше во ПСЖ. Бразилецот продолжи да е главна фигура во составот на Диего Симеоне, но не се согласи за нов договор со клубот и е речиси сигурно дека ги поминува последните месеци во клубот.
Во актуелната сезона, 33-годишниот играч има 13 натпревари и два гола во „Ла Лига“. Интересно е дека веста на „Тутоспорт“ беше објавена неколку часа пред Првиот лев бек на Јуве Алекс Сандро да го продолжи договорот со „Старата Дама”.

