Централниот дефанзивец на Порто, Фелипе веќе ги поминал лекарските прегледи во Атлетико (Мадрид), пред да го стави потписот и да се пресели на „Ванда Метрополитано“.
30-годишниот фудбалер ги договорил сите услови со „јорганџиите“и ќе потпише договор со тимот за период од три години. Двата тима ги договориле деталите за трансфер кој ќе изнесува 25 милиони евра.
Фелипе успеа да постигне 1 гол и имаше 1 асистенција за Порто оваа сезона во 30 одиграни натпревари.