Милан се договори со Фенербахче за продажба на играчот од средниот ред Раде Круниќ. Веста ја потврди директорот на „росонерите“, Џорџо Фурлани.
30-годишниот босански репрезентативец стана вишок во тимот на Стефано Пиоли. За неговите услуги турскиот клуб ќе плати околу 5 милиони евра.
„Да, договорот треба да биде во ред. Му посакуваме многу среќа на Раде и се надеваме дека ќе направи големи работи за Фенербахче“, изјави Фурлани за Скај Италија.
Тој ќе биде второто ново засилување на турскиот клуб по Леонардо Бонучи кој доаѓа од Унион Берлин.

