Фенербахче и Наполи се во последна фаза од преговорите за трансфер на белгискиот напаѓач Ромелу Лукаку.
Според одредени извори, клубовите се многу блиску до постигнување договор за трансфер. Во текот на денот се очекува двете страни да ги финализираат и последните детали од личниот договор на 33-годишниот напаѓач.
Самиот Лукаку чека конечно одобрување на договорот од Наполи. Откако ќе се добие конечно зелено светло, трансферот во турскиот клуб може да се комплетира.
Договорот на Белгиецот со клубот од Наполи е до летото 2027 година. Претходно беше објавено дека Лукаку не се приклучил на тимот за предсезонските подготовки. Минатата сезона, Лукаку одигра пет натпревари за Наполи, постигнувајќи еден гол.

