Турскиот гигант Фенербахче преговара за српскиот интернационалец од Јувентус Филип Костиќ, пишува новинарот Матео Морето. Двете страни се во напредни преговори, а договорот треба да биде финализиран до петок, кога ќе се затвори трансфер пазарот во Турција.
Во последните денови двата клуба и претставниците на фудбалерот беа во постојан контакт за финализирање на зделката. Можно е Костиќ да се пресели во Истанбул на позајмица. Интререс за Србинот има и од Галатасарај.
Филип Костиќ не влезе во плановите на новиот тренер на Јувентус, Тиаго Мота. Тој пред две години од Ајнтрахт Франкфурт се пресели во гигантот од Торино.

