Фудбалерот на Свонси, Лерој Фере, може да ја напушти фудбалска Англија и да се пресели во редовите на турскиот состав Фенербахче.
Иако договорот на 29-годишниот Холанѓанец со тимот на Свонси истекува во летото пред нас, англичаните во текот на зимскиот трансфер период не сакаа да се разделат со капитенот. Фенербахче не се откажува од намерата да го анагажира и затоа планира да стори сé што е можно за да потпише договор со напаѓачот.
Фере во тековнава сезона одигра 24 натпревари за Свонси на кои постигна 1 гол и направи 5 асистенции.