Турскиот гигант Фенербахче има намера да го назначи Дирк Кајт на функцијата вршител на должноста тренер, тврдат медиумите во Холандија повикувајќи се на пишувањето на турските медиуми.
Според изворот, доколку холандскиот тренер се покаже добро на крајот на сезоната, клубот може да го назначи како постојан главен тренер. Дирк Кајт во моментов е тренер на еден од младинските тимови на академијата на Феенорд. Кога беше фудбалер, тој играше за Фенербахче од 2012 до 2015 година.
Фенербахче не е во добра позиција има освоено 40 поени на 26 натпревари и го зазема седмото место на табелата во турската Супер лига. Како и останатите лиги во Европа, и во Турција натпреварувањето е суспендиран поради закана од ширење на коронавирусот. Рестартирањето на турскиот шампионат е закажано за 12 јуни.