Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Домашен микс»Фер-плеј игра и многу возбуда во Кочани, еве кој се победниците!
    Домашен микс

    Фер-плеј игра и многу возбуда во Кочани, еве кој се победниците!

    risteBy riste29/05/2026No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Кочани е четвртиот град во кој се одржа „Денот на спортот“ во рамките на Плазма Спортските игри за млади. Околку 2.000 дечиња се натпреваруваа во седум спортски дисциплини, а беше навистина неизвесно и возбудливо.

    Младите натпреварувачи покажаа дека се вистински мајстори во Coca Cola Cup и футсал до 2015 годиште. Ги добивме и најдобрите „баскетџии“, кој исто така покажаа врвни вештини, се навиваше гласно на ракометните и одбојкарските мечеви, а возбудата растеше на атлетските трки. И секако тука беше омилената спортска дисциплина – народна.

    Од Кочани е испратена порака дека Македонија има спортска иднина, а овој град заслужува да биде еден од спортските центри.

    Спортските игри за млади „Плазма“ се најголемиот аматерски спортски настан за деца и млади во Европа, кој моментално се одржува во пет земји во регионот – Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Словенија и, за првпат, во Македонија. Целта е промовирање здрав начин на живот, пријателство и заедништво, а најважно е што учеството е целосно бесплатно за сите деца.

    По квалификациските натпревари следуваат регионални и национални првенства, додека најдобрите тимови и поединци ќе се натпреваруваат на големото меѓународно финале во Сплит (17-22 август), каде ќе ја претставуваат својата земја и ќе се дружат со врсници од регионот.

    ИГРИТЕ ЗА ЗАКОН

    ПЛАЗМА СПОРТСКИ ИГРИ ЗА МЛАДИ – КОЧАНИ

    РЕЗУЛТАТИ:

    Coca Cola Cup 2011

    Машки 
    1.Малешевци (Берово)
    Женски
    1.Шампионки (Кочани)

    Футсал 2015
    1.Млади Таленти (Берово)

    Одбојка машки
    1.Одбојкарски бисери (Кочани)

    Одбојка женски
    1.Голак (Делчево)

    Ракомет машки
    1.Орели (Облешево)

    Ракомет женски
    1.Голак (Делчево)

    Баскет 3х3 машки
    1.Дрим Тим (Кочани)

    Баскет 3х3 женски
    1.Екипа Снова (Кочани)

    Народна 2015
    1.Багери (М.Каменица)

    Народна 2017
    1.Багери (М.Каменица)

    Атлетика 2015
    Машки
    1.Марко Филипов (Кочани)
    2.Владимир Ангелов (Кочани)

    Женски
    1.Јана Лазаров (Кочани)
    2.Ања Ристовска (М.Каменица)

    Атлетика 2017
    Машки
    1.Ненад Петровски (М.Каменица)
    2.Мартин Моневски (Облешево)

    Женски
    1.Нена Златанова (Облешево)
    2.Иларија Спасовска (М.Каменица)

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026

    16/11/2026

    Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23

    16/11/2026

    Украинецот Захариев е освојувач на 55. „Златен Гонг“

    15/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.