Ливерпул треба да се обиде да го врати Рахим Стирлинг од Манчестер Сити, тврди Рио Фердинанд, поранешниот фудбалер на Манчестер Јунајтед и актуелен аналитичар во британските медиуми.
Стерлинг беше меѓу играчите поврзани со напуштање на „Етихад“ , но, на крајот остана кај „граѓаните“. Бидејќи фудбалерот од средниот ред нема статус на стартер, Фердинанд проценува дека Ливерпул треба да ја искористи ситуацијата и да го врати.
„Долги години тој беше стандарден, но, сега е резерва. Не разбирам што се случи. Да бев во Ливерпул, веднаш ќе го ангажирав“ – вели поранешниот дефанзивец.