Некогашниот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Рио Фердинанд даде своја оценка на дербито меѓу Манчестер Јунајтед и Арсенал (0:1) во 1. коло од Премиер лигата.
„И покрај поразот, долго време не сум нè видел да доминираме во натпревар против врвен тим како тој. Мислам дека притисок, брзината, висока мобилност на Куња и Мбемо, се видоа како големи предности за Манчестер на овој меч.
Но, имаше и недостатоци. Голманот не беше на ниво, примивме ужасно лош гол,
преодните фази со Бруно кој игра длабоко не беа добри, како и губењето на концентрацијата која може да стане проблем во натпреварите со посилни тимови“, смета Фердинанд.

