Поранешниот дефанзивец на Манчестер Јунајтед, Рио Фердинанд, вели дека менаџерот Ралф Рангник не го цени напаѓачот Маркус Рашфорд.
„Можеби зад сцената се водат преговори за нов договор, но вие да сте на негово место, би размислувале ли како да останете таму? Како можам да потпишам договор ако тимот е поверојатно да игра без напаѓач отколку со мене? Не велам дека е совршен. Но, да сум на местото на Рашфорд, мислам дека тренерот не ме цени со тоа што стави двајца играчи од средниот ред напред. Колку Рашфорд треба да биде лош на тренинзите за да има таков состав на терен?“, се прашува Фердинанд по ремито со Лестер во саботата.