Легендарниот одбранбен фудбалер на Манчестер Јунајтед, Рио Фердинанд, кој работи како аналитичар за британските медиуми, вели дека Антонио Рудигер игра одлично во дресот на Челзи под диригентската палка на германскиот стратег.
„Тој беше најдобриот централен дефанзивец уште пред да дојде Тухел. Рудигер не ја доби вистинската шанса од Лампард, тренерот едноставно не го сакаше“ – вели Фердинанд.
„Имаше одредени гласини дека ќе биде продаден. Кога тренерот не ве цени, вашата самодоверба опаѓа. Тешко е да се игра со ниска самодоверба “- потенцираше Фердинанд.