Давид Ферер во наредните две години ќе биде капитен на шпанскиот тим во Дејвис купот. Поранешниот светски рекет број 3 се повлече од професионалниот спорт во 2019 година.
Ферер е трикратен победник на Дејвис купот – во 2008, 2009 и 2011 година како и финалист во 2012 година.
Шпанците догодина со „вајлд-карта“ ќе учествуваат во Дејвис Купот.